Quantcast
Channel: Култура –А1он
Viewing all 8033 articles
Browse latest View live

Заврши санацијата и конзервацијата на кулата на Јордан Пиперката во Брезово

$
0
0

Со поддршка на Министерството за култура реализиран е проектот за санација и конзервација на кулата на истакнатиот македонски револуционер Јордан Пиперката во село Брезово, Демир Хисар.

Со цел заштита на овој значаен објект кој останал сочуван поради својата специфична градба, соопшти Министерството за култура, стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Битола во изминатиот период го реализираа проектот за негова санација и конзервација. Во рамки на заштитните интервенции, како што се наведува, извршена е санација на севрно-источниот темел, санирани се северниот и источниот ѕид, извршена е реконструкција на натстрешницата и конзервација на влезните партии, а поставен е и нов покрив. При непосредната заштита, а во насока на  зачувување на автентичноста на кулата, користени се традиционални градежни материјали и техники карактеристични за тој период.

Според податоците, кулатa која за време на Илинденскиот период се користела за одбрана на селото Брезово е изградена 1530-тата година, а нејзиното настанување кореспондира со историскиот развој на ова демирхисарско село. Планирано е одбранбената кула внатрешно да се уреди во мал музеј кој ќе биде посетен од домашни и странски гости, стои во соопштението.


Промоција на книга од Славчо Димитров

$
0
0

Во четврток со почеток во 21 часот, во клубот ГЕМ ќе биде промовирана книгата „Невозможни исповеди: Субјект, моќ и етика“ од Славчо Димитров, во издание на Галикул.

За книгата ќе говорат проф. Јелисавета Блогојевиќ, филозоф и квир и родова теоретичарка, од Факултетот за медиуми и комуникации -Сингидунум во Беград и проф. Јасна Котеска, книжевна теоретичарка и теоретичарка на културата, од УКИМ, Скопје.

Книгата „Невозможни исповеди: Субјект, моќ и етика“ од Славчо Димитров ги иследува и проблематизира комплексните и многустрани модуси на испреплетување и сопоставување, низ современ и дијахрониски ракурс, на дискурсите на исповед и конституцијата, перформацијата и деконструкцијата на категоријата на субјектот како доминанта епистемолошка и политичка оска на Западната европска цивилизација.

Во својата книга Славчо Димитров овој значаен теориски проект успешно го реализира преку интеграција на неколку клучни методолошки парадигми, длабинско исчитување на оригинална и секундарна теориска и книжевна литература, како и преку критичка анализа на етичките и политички импликации на овие поими.

Текстот нуди сериозна рефлексија врз хоризонтот на можности за преосмислување на политичкото живеење, политиките на отпор и идентитет, етичката релација со Другиот и демократијата како најгорливи прашања во актуелната политичко-филозофска и културолошка дебата во светски рамки.

Книгата е издадена на македонски и англиски јазик во издавачката програма на Галикул за 2014 година и е финансиски поддржана од Министерството за култура.

Македонската филхармонија доби Орден за заслуги за Македонија

$
0
0

Ова е признание за сите генерации музичари, солисти, диригенти, директори, за сите допрени срца и незаборавни изведби и во земјава и во странство. Ова е искрена благодарност за сите прекрасни музички моменти и доживувања, но и обврска за во иднина, рече претседателот Ѓорге Иванов за одлуката да и додели Орден за заслуги за Македонија на Македонската филхармонија по повод седум децении од нејзиното постоење.

Во овие 70 години, додаде шефот на државата, Филхармонијата беше израз на нашата слобода, училиште за нашите музичари, корен на нашите музички фестивали, промотор на Македонија и на македонската музика, гордост на нашата музичка публика.

Првиот симфониски концерт кој Филхармонијата го извела една година по основањето била Бетовеновата трета симфонија „Ероика“ која, рече Иванов, пред 210 години со право била разбрана како музички манифест на незапирливиот човеков стремеж кон слободата, а македонските музичари со ова дело во 1945 го надополниле манифестот на АСНОМ за слобода.

- Така, за Македонија музиката стана второ име на слободата. Во децениите што следуваа, Македонската филхармонјија прерасна во нераздвоен дел од македонската култура. Со секој фестивал и концерт, со секое изведено дело и секоја отсвирена партитура, Филхармонијата одново ја потхрануваше нашата внатрешна слобода. Како што не можеме да си го замислиме светот без музика, така, денес, не можеме да ја замислиме макеодонската култура без Македонската филхармонија, истакна претседателот Иванов, кој Орденот и го врачи на директората на Филхармонијата Маја Чанаќевиќ во присуство на членовите на оркестарот, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, музичари и други и гости.

Директорката Чанаќевиќ заблагодарувајќи се рече дека е огромна честа и престижот да се добие признание од претседателот на државата во годината кога првата национална музичка институција слави 70 години од постоењето.

- Македонската филхармонија ќе продолжи и во иднина, и тоа храбро и бескомпромисно, да го поттикнува македонското музичко творештво, да изненадува со спецификите на светките и македонските премиерни изведби, да ги обликува големите класици. Ќе продолжи да искачува врвови и со тоа да го облагородува овој наш македонски амбиент со најубавата уметност – музиката, истакна Чанаќевиќ.

Македонската филхармонија е единствен постојан репрезент на симфониското творештво на македонската концертна сцена. Oркестарот e формиран  на 24 ноември 1944 и повеќепати преименуван и приклучуван кон други институции (Македонската опера и балет и Македонското радио), за во 1960 година Македонската филхармонија да се конституира како самостојна музичка институција.

Основачи и први диригенти на оркестарот биле композиторите Тодор Скаловски и Трајко Прокопиев, а на диригентскиот пулт  биле повеќе доајени на македонската музика и голем број странски диригенти. Настапиле реномирани вокални и инструментални солисти, како Алдо Чиколини, Халина Черни-Стефанска, Хенрих Шеринг, Леонид Коган, Андре Навара, Хозе Карерас, Цимон Барто, Дејвид Герет, Иља Гринголц, Торлеф Тедеен, Александар Мелников, Јосиф Иванов, Валериј Соколов, Изабел Фауст, Симон Трпчески, Ана Дурловски…

„Design on Film“ –Фестивал на документарни филмови

$
0
0

Од 28 до 30 ноември во Кинотека и Concept37 за прв пат ќе се одржи тридневен фестивал „Design on Film“, на кој ќе бидат организирани 9 филмски проекции, 3 предавања и преглед на портфолија од областа на уметноста, дизајнот, фотографијата, архитектурата, културата и урбаното живеење.

„Design on Film“ е проект на Мики Стефаноски, мулти-дисциплинaрен графички дизајнер со долгогодишно искуство, кој во моментов работи како Art Director во маркетинг агенцијата Saatchi & Saatchi. Фестивалот го организира во соработка со Creative Exchange непрофитна иницијатива чија цел е развивање на креативните области во Македонија.

Главната цел на „Design on Film“ е да ги собере на едно место, сите оние кои што сакаат да одговорат на предизвиците со отворен ум, луѓе кои имаат храброст за дизајн и оние кои што сакаат да направат разлика. Ова ќе биде прва година за фестивалот и се надевам на одличен одзив кој ќе не мотивира и следните години да ја зајакнеме програмата и концептот“, вели Мики Стефаноски.

Фестивалот ќе биде исклучителна можност да се погледнат документарци кои што ќе инспирираат и ќе научат како да се искористи предноста на новите технологии, техники, вештини и методи на работа. Влезниците за фестивалот се бесплатни но потребна е on-line резервација.

„DOF“ е проект поддржан од Министерство за култура на Република Македонија и Luminary Media. Голема благодарност до: Капитал, Винарија Стоби, Tinex, UACS, Lotus Lounge Chairs, Publicis и Кинотека на Македонија кои допринесоа за реализација на фестивалот.

Вечерва се отвара младински пролетен салон

$
0
0

во Мала станица, вечерва, во 19 часот ќе се отвори VI Младински пролетен салон.

Барок, класицизам, модернизам, постмодернизам, футуризам, Скопје 2014, нови фасади, минато, сегашност и иднина… Термините што многу често го слушаме во последно време. Доживувањето на еден град се сведува на различни погледи од исто толку индивидуи, а не се прост збир на хоризонтали и вертикали

Да сте архитект, или да бидете во ситуација да решавате за својот град, што би сториле? Каква скулптура би поставиле на главниот плоштад, или на некое друго место? Како би го уредиле главното градско јадро? Класично или модерно? Традиционално или монументално? Автентично или превземено? Оригинално или копирано? Симетрично или хаотично? Комерцијално или интимно?

Ова се темата и прашањата кои се поставени на оваа изложба на која учествуваат повеќе средни училишта и факултети од Македонија.

10814382_10205484571568903_581846828_n

Есеи за идентитетот и суверенитетот од Димитар Мирчев

$
0
0

Издавачот „Макавеј“ од Скопје во едицијата „Historia est…“ објави книга есеи „Идентитет и суверенитет“ од проф. д-р Димитар Мирчев, која е целина од пет аналитични, есеистички пристапи во објаснувањето на темите поврзани со поновата и најновата македонска политичка и општествена стварност.

- Темата која и денес го држи во политичка затегнатост македонскиот општествен простор, односно позицијата на идентитетот и суверенитетот е обработена во есејот „Идентитет и суверенитет“ и заедно со последниот есеј „За македонските работи“ претставува редок публицистички спој на клучните теми од демократизацијата на македонското општество кои Мирчев ги зачнува во неговите постари есеи „Раните подготовки“, „Шокот на политичкиот плурализам“ и „Распадот“ кои се средишница на оваа книга, соопшти „Макавеј“.

Издавачот наведува дека новата книга на проф. д-р Мирчев е успешно продолжение на двете негови претходни книги кои беа посветени на балканските национални програми и на трите македонски демократски пролети.

- Во истражувачкиот пристап кон темите Мирчев се потврдува како елоквентен, точен и строг аналитичар но и есеист кој многу успешно покрај политиколошкиот дискурс мошне успешно ги користи и сознанијата од другите науки, како историјата, социологијата, економијата, со единствена цел најкомлексно и компетентно да ги докаже своите тези, додава „Макавеј“.

Три дена изложби и дебати „Читаме: Луѓето ко книги, зградите ко луѓе“

$
0
0

Tридневниот настан, „Читаме: Луѓето ко книги,зградите ко луѓе“, во рамки на долгорочниот проект „Живи библиотеки: архиви на граѓанска непослушност“, ќе се одржи во Скопје од 27 до 29 ноември. на локациите: Клуб ГЕМ, Младински културен центар, Агенција за сериозни интереси (СИА) и Мобилна-монтажна галерија на ЦАЦ, во Скопје.

-Настанот насловен „Читаме: луѓето ко книги, зградите ко луѓе“ е обид за едно заокружување на подолгорочен истражувачко-кураторски процес насловен „Живи библотеки: архиви на граѓанска непослушност“, продуциран во земјава, кој имаше за цел да произведе простор за споделување знаење, мислење, анализирање и дискутирање, кој се наметнува како императив во денешниот поделен светоглед: од една страна неолибералистички стеснет, а од друга страна, конзервативно обоен. Овој настан, низ личниот и општествениот (друштвениот) ракурс има за цел да го разгледа знаењето, односно она добиено на индивидуална основа (1:1, јас – книга) и за општественото (јас меѓу многумина), односно, знаењето за колективното во спроведувањето/манифестирањето на знаењето за цели пошироки од сопствениот метар квадратен, велат кураторте на проектот Филип Јовановски и Ивана Васева.

Во текот на трите дена, предвидени се следниве настани: – Поставка на тема: Обид за бегство од малцинството, 27.11 (четврток), 21 ч., Агенција за сериозни интереси (СИА); – Читачка група на тема: Работник Работничка/ Уметник Уметничка, 28.11 (петок), 12ч., Агенција за сериозни интереси; – Дискусија на тема: Читаме: Луѓето како книги, 28.11 (петок), 18ч., Клуб ГЕМ; – Читачка група на тема: Читаме згради: ГТЦ како книга, 29.11 (сабота), 12ч., Младински културен центар; – Изложба: А-бе-ес и Факултет за ликовни уметности, Скопје, 29.11 (сабота), 21ч., Мобилна-монтажна галерија на ЦАЦ.

10807833_10205485349908361_980834353_n

Одбележување 80 години од раѓањето на Петре М.Андреевски

$
0
0

Друштвото на писателите на Македонија со свечен собир денеска ќе ја одбележи 80-годишнината од раѓањето на македонскиот писател Петре М. Андреевски.

За творештвото на Андреевски ќе зборува поетот, литературен критичар и есеист Раде Силјан, претседател на Собранието на ДПМ, а стихови од култната стихозбирка „Дениција“ ќе кажуваат артистот Борче Начев и Александра Велинова.

Петре М. Андреевски (1934 – 2006) е претставник на третата генерација современи македонски писатели. Како поет, раскажувач, романсиер и драмски писател создаде значаен опус, бележејќи еден од магистралните текови во развојните процеси на македонската литература. Неговите стихозбирки „Дениција“, „Пофалби и поплаки“ и „Вечна куќа“, збирките раскази „Седмиот ден“ и „Неверни години“, и романите „Пиреј“, „Скакулци“ и „Последните селани“ се одликуваат со високи естетски стојности.

Петре М. Андреевски беше член на Друштвото на писателите на Македонија од 1964 година, а во еден мандат и претседател на ДПМ.


Заврши поетскиот маратон „Бели мугри“ посветен на Рацин

$
0
0

Со читање на стихови од стихозбирката „Бели мугри“ синоќа во Велес заврши поетскиот маратон кој почна на 7 ноември во организација на велешката гимназија „Кочо Рацин“ и Општина Велес.

Вечерта беше збогатена и со настап на етно составот „Чалгија Саунд Систем“.

Поетскиот маратон се одржуваше по повод 75 години од излегувањето на стихозбирката „Бели мугри“ во Самобор во Хрватска.

Поетски читања во изминатиот месец се одржаа на повеќе локации во Велес, а беа претставени три генерации на македонски поети.

Директорот на велешката гимназија Сашко Андреевски изјави дека целта на манифестацијата била да се донесе поетскиот збор насекаде во Велес.

- Пораката беше македонскиот јазик и македонскиот стих уште еднаш да се препејат и го кажат она што е важно, истакна Андреевски, додавајќи дека стихозбирката „Бели мугри“ е темелот на македонската литература и култура.

Изложба на Тања Таневска во КИЦ на РМ во Софија

$
0
0

Во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија вечер ќе биде отворена изложбата „Космичкиот еротизам на струната и облината” од ликовната уметница Тања Таневска, која дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во класата на проф. Рубенс Корубин во 1996 година.

Членува во ДЛУМ од 1997, учествувала на десетици самостојни и преку 180 групни ликовни изложби во Македонија и во странство, како и на повеќе од 35 домашни и меѓународни ликовни колонии. Добитник е на неколку значајни домашни награди во организација на ДЛУМ, како и на награда од Интернационалното биенале на мал формат во Рацибор, Полска.

Изложбата на Тања Таневска во Софија ќе ја отвори директорот на КИЦ на РМ во  Софија Васко Шутаров, а проектот е целосно поддржан од Министерство за култура на Република Македонија.

Шеста серија од поетската едиција „ЕваТас“ на „Блесок“

$
0
0

Издавачката куќа „Блесок“ ја објави шестата серија книги во својата повеќејазична поетска едиција „ЕваТас“.

Во новата серија се насловите: „Пепелашка во хромиран ковчег“ од Звонко Карановиќ – избрана поезија на македонски, српски и англиски,  „Во некои денови“ од Јурген Ненѕа – избрана поезија на македонски, германски и англиски и „Танцувајќи во Одеса“ од Иља Камински – избрана поезија на македонски и на англиски јазик.

Почнувајќи од 2009 година, „Блесок“ секоја година објавува по три современи автори во едицијата „ЕваТас“. Авторите се објавуваат на македонски, на англиски и на нивниот мајчин јазик. Македонските автори се објавуваат на македонски и на англиски.

Досега во едицијата се објавени избори поезија од: Игор Исаковски, Тод Свифт, Миле Стоиќ, Мехмед Бегиќ, Богомил Ѓузел, Тристан Виндторн, Јосип Ости, Катица Ќулавкова, Рони Сомек, Алеш Дебељак, Павле Горановиќ, Бранко Чегец, Сибила Петлевски, Јовица Ивановски, Хенк ван Керквијк.

Едицијата е основана во сеќавање на Ева Тас (1915-2007), која својата оставина, преку истоимената фондација, ја посветила на слободата на пишаниот збор, издаваштвото и читањето ширум светот. 

Утре почнува „Мобил фестивал“

$
0
0

Петтото издание на „Мобил Фестивал 2014“.Интернационалниот фестивал на филмови снимени на мобилен телефон се отвора утре и ќе трае до сабота.

mobilfestВо рамките на фестивалот утре од 16 часот, во киното Фросина ќе се одржи работилница „Нов бизнис модел за дистрибуција на независни филмови“ што ќе ја води Навид Сарем, проект координатор од Eye On Films од Франција.

Овој нов бизнис модел ги промовира дебитантските филмови и новите автори преку заедничка промоција на филмски фестивали и по медиуми од страна на локалните дистрибутери.

Работилницата е поддржана од Агенцијата за филм.

Потоа ќе уследи проекција на филмови од програмата на Eye On Films Festival:

18:00 Sons of the Wind од Бруно Ле Жан – Кинотека на Македонија

18:00 Mourning од Мортеза Фаршбаф – Кино Фросина, МКЦ

20:00 Night #1 од Ен Емонд – Кино Фросина, МКЦ

22:00 The First Rasta од Хелен Ли и Кристоф Фарнае – Кино Фросина, МКЦ

В петок ќе продолжат проекциите од овој фестивал, според следниов распоред:

18:00 Red Heart од Халкаут Мустафа – Кино Фросина, МКЦ

20:00 Sons of the Wind од Бруно ле Жан – Кино Фросина, МКЦ

22:00 Beast Paradise од Естел Лариваз – Кино Фросина, МКЦ

В сабота со почеток во 20 часот во Кино Фросина, ќе бидат прикажани досегашните победници на Мобил Фестивал. Потоа ќе уследи проекција на филмови од јуниор, домашна, регионална и интернационална селекција, по што ќе бидат доделени наградите.

Петтиот Интернационален фестивал за филмови снимени со мобилен телефон „Мобил Фестивал 2014“ ќе заврши со концерт на „Тотално опуштање“.

Во Кочани одбележани 75 години од излегувањето на „Бели мугри“ од Кочо Рацин

$
0
0

Националната установа Центар за култура „Бели мугри“ од Кочани со низа активности го одбележа јубилејот 75 години од излегувањето на стихозбирката „Бели мугри“ на Кочо Солев Рацин.

Се одржа фолклорен концерт со учество на фолклорни ансамбли при центарот, а во фоајето беше отворена изложба под наслов „Арт варијации“ на која беа изложени 20 дела работени во техника акрил и масло на платно.Изложбата ја отвори Мики Трендафиловски, ликовен уметник од Куманово.

Во чест на јубилејот 75 години од излегувањето на стихозбирката „Бели мугри“ на Кочо Рацин,се одржа и поетска сердба под наслов „Бели мугри-современа поезија“.

- На оваа поетска сердба учествуваа 17 роднокарјни автори кои создадоа поетски средбни инспирирани од поезијата на Кочо Рацин и неговите „Бели мугри“.Поетските творби ги објавивме во посебно издание, изјави Габриела Стефановска,автор и ноисител на проектот.

Инаку, оваа манифестација Центарот за култура „Бели мугри“ од Кочани ја реализира втора година по ред.

Дела на Киро Урдин во постојаната колекција на Музејот на уметност од Нингбо

$
0
0

На покана на Музејот на уметности (Museum od Art) од Нингбо во Кина академскиот сликар Киро Урдин престојуваше 50-тина дена во оваа културна установа во чие студио изработи 18 слики и 100 цртежи.

На крајот на престојот делата на акедимик Киро Урдин беа изложени на самостојна изложба во Музејот на уметности од Нингбо.

Оваа културна установа откупи 10 дела што Урдин ги изработи во рамки на својот престој во Кина. Тие ќе бидат дел од постојаната колекција на Музејот на уметност од Нингбо, Кина.

Киро Урдин е роден во Струмица, во 1945 година. Дипломирал на правниот факултет во Белград во 1969 година. Во периодот од 1971 до 1973 тој работел како новинар, но подоцна студирал на Академијата за уметност во Париз, Франција. Од 1984 година тој работел како слободен уметник во повеќе земји

Имал можност да твори во Франција, САД, Јапонија, Швајцарија, Шведска, Мексико, Белгија, Кина, Порторико, Филипини и Тајван.

ДПМ одбележа 80 години од раѓањето на Петре М. Андреевски

$
0
0

Редок мајстор на перото, голем маг на пишаниот збор, препознатлив, автохтон, примечив, близок на времето во кое живееме, со едноставна, необременета филозофија, поет, раскажувач, романсиер, драмски писател,…, творец кој остави неизбришливи траги во современата македонска литература.

Ова е дел од речта за Петре М. Андреевски што беше прочитана денеска на свечениот собир во Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) по повод 80-годишнината од неговото раѓање.

- Во обемното дело на овој автор ја препознаваме изворноста и убавината на македонскиот јазик, зашто тој на обичниот збор му даде длабока содржина, дух и смисла, а нам, на неговите верни читатели, ни завешта пораки во кои се препознаваат традиционалните вредности на литературата, преточени низ современ и модерен израз, истакна претседателот на Собранието на ДПМ Раде Силјан, отворајќи го собирот.

Со своето богато поетско, раскажувачко, романсиерско и драмско творештво, Андреевски, како што напомена Силјан, изврши силно влијание врз профилирањето на вкусот на македонските читатели. Неговата литература на зналец има стаменита основа која е во допир со животната реалност – љубовта и смртта, човечките трауми, болки и дилеми, национален вознес.

- Делата на овој автор се во директен контакт со крупни и значајни процеси во целокупниот македонски духовен простор. Неговиот поетски опус, според естетската носивост и тематско-мотивска определба, спаѓа во редот на најоригиналните остварувања во модерната македонска литература. Поемата „Дениција“ и романот „Пиреј“ станаа мерник за нашите современи литературни вредности, со нив Андреевски прерасна во волшебник на убавиот македонски збор и создаде четива со силни, возбудливи, трогателни содржини и пораки, посочи Силјан.

Лирските дела на Петре М. Андреевски, додаде, на најубав можен начин ја доразвија почнатата патека на славните претходници – Свети Климент Охридски, Браќата Миладиновци, Григор Прличев, Коста Солев Рацин, Блаже Конески.

- Врз оваа поетска пирамида ја препознаваме длабоката смисла на поезијата, нејзината вкоренетост во македонската почва, но и нејзината разгранетост со силните уметнички пораки. Преку природно наследената богата лексика и дарбата, Андреевски се вреднува во списокот на темелниците и големите подвижници на современата македонска литература, рече Силјан.

Според него, Андреевски, како никој друг, ги препозна традиционалните вредности на народната култура, ги доживеа и вешто ги вгради во својата поезија која стана синоним за возвишени литературни чувства, идеали и човечки побуди. Појдовна точка во обликувањето на поезијата му беше и народната песна што ја прифати како гесло во животот.

- Петре М. Андреевски како поет од висок ранг ја имаше моќта да ја осознае силата на народниот говор и на јазикот да му даде широка плавност и димензија. Неговите дела ги рецитираат учениците, студентите, професорите, ја обожуваат вљубените. Тие се омилени и за пејачите и композиторите со истенчен вкус. Често го цитираат обичните луѓе, но и политичарите и историчарите особено кога сакаат со гордост да кажат дека „ние, Македонците, сме како пирејот“, подвлече Силјан.

На собирот по повод јубилејот, беа читани и стихови од делата на Андреевски, а беше прикажано и 12-минутно видео од архивите на Македонската телевизија кое 40 години не е емитувано. Во него Андреевски зборува со Снежана Липковска за наградата „Браќа Миладинвци“ што ја доби за збирката „Дениција“.

Петре М. Андреевски е роден 1934 година во Слоештица, Демирхисарско. Претставник е на третата генерација современи македонски писатели. Со значајниот опус што го создаде, овој автор испиша еден од магистралните текови во домашната литература. Романите „Пиреј“, „Небеска Тимјановна“, „Скакулци“, „Тунел“, „Последните селани“, како и стихозбирките „Дениција“, „Пофалби и поплаки“, „И на небо и на земја“, „Јазли“, „Вечна куќа“, книгите со раскази „Седмиот ден“, „Неверни години“, „Сите лица на смртта“ и „Боеми“, книгата драми со „Време за пеење„ и „Богунемили“, како и стихозбирките за деца „Шарам барам“ и „Касни порасни“, се само дел од ризницата што ја остави зад себе.

Андреевски беше член на Друштвото на писателите на Македонија и на Македонската академија на науките и уметностите. Во еден мандат беше и претседател на Македонската писателска асцоијација. Остави неизбришливи траги и во македонското новинарство и музичкото творештво како долгогодишен автор и уредник на драмската секција и музичата програма на Македонската телевизија.

На денешниот собир во ДПМ, покрај писатели и членови на Друштвото, присуствуваа и ученици од неколку средни училишта во Скопје.


„Обид за бегство од малцинството“ вечерва во СИА

$
0
0

Вечерва, во 21 часот, со изложбата во „Агенција за сериозни интереси (СИА)“ почнува тридневниот настан, „Читаме: Луѓето ко книги,зградите ко луѓе“, кој се одржува во рамки на долгорочниот проект „Живи библиотеки: архиви на граѓанска непослушност“. Насловот на вечерашново претставување е „Обид за бегство од малцинството“, а учествуваат проектите: Кустоска платформа (Загреб), Ивана Мештров, Ана Ковачиќ, групата „А-бе-есЁ“ (Загреб – Ријека – Крк), „Учителот Незнајко и неговите комитети„ од Белград, Отворена архива од Даниел Серафимовски, која се занимава со губењето на колективната мемеорија за Скопје, а кураторите Ивана Васева и Филип Јовановски ќе го презентираат проектот „Живи библиотеки“.

- Идејата за оваа поставка од долгорочни истражувачки проекти започна да се гради околу неколку термини: еднаквост, заедница, читачка група, политичност, базирајќи се на повеќе идеи на францускиот филозоф Жак Рансиер, објавувани низ неколку негови книги.

obidBegstvo

Во оваа збирка од различни архиви, заедно се предложени повеќе практики како:годинешното истражување на Кустоска платформа за уметноста и индустријата (уметноста/уметничкиот свет автономен, но и истовремено хетерономен), А-бе-ес-овата деконструкција на надредената улога на професорот (Жакото како пример за вистинска еманципација, релациите на едукативниот авторитет кои мора да бидат разградени), процесот на еманципација и субјективизација (Учителот Незнајко и неговите комитети), алтернативна форма за културна размена и споделување (Отворена архива, Даниел Серафимовски во соработка со Агенција за сериозни интереси (СИА), Живите библиотеки како процес, истражување и самоедукација.

Заедно, овие поединечни архиви преиспитуваат односи, констелации и корелации осврнувајќи се на минати дискурси и преиспитувајќи ги во сегашноста, велат кураторите.

ЕСРА ќе додели две стипендии во рамки на „Анимакс Скопје фест“

$
0
0

Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА ќе додели две стипендии од по 3.000 евра на четвртиот Фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје фест“, што ќе се одржува од 4-ти до 6 декември во Кинотека на Македонија.

За стипендијата може да се пријават сите ученици од четврта година средно образование и со завршено средно образование кои имаат талент за цртање.
Заинтересираните треба најдоцна до 4 декември да ги пратат своите лични податоци (име и презиме, возраст и број на телефон) заедно со цртежи во која било техника и на која било тема на мејлот на фестивалот:

contact@animaxmacedonia.mk или animaxmacedonia@gmail.com.

Од пристигнатите апликации ќе бидат избрани шест, кои на 6 декември во просториите на ЕСРА ќе учествуваат на работилница за традиционална 2Д анимација, на која ќе предава Гоце Господиновски.

На најдобрите двајца учесници ќе им бидат доделени стипендиите од по 3.000 евра. За работилницата не е потребно предзнаење, освен поседување талент за цртање.

Работилницата се организира за промоција на анимацијата и да се поттикне креативниот потенцијал кај младата популација.

„Анимакс Скопје фест“ го организира продуцентската куќа Аурипигмент, во соработка со здружението на граѓани Креативен центар Тинтири-Минтири од Скопје, со поддршка од Министерството за култура и Кинотека на Македонија.

Трибина „Историјата на македонската книжевност-истражувања, резултати, научни искуства“

$
0
0

Друштвото на писателите на Македонија денеска ќе одржи трибина насловена „Историјата на македонската книжевност – истражувања, резултати, научни искуства“.

Предмет за расправа на трибината ќе бидат аспектите на пристап, периодизација и жанровска класификација, како и спецификите на развојот на македонската книжевност.

Ќе стане збор за толкувањето и вреднувањето на книжевните дела создавани во различни периоди – од творбите на Свети Климент до денес, како и за искуствата од истражувањата во создавањето на историја на македонската книжевност.

Модератор на трибината ќе биде д-р Соња Стојменска Елзесер, а учесници д-р Илија Велев и д-р Георги Сталев, раководители на научни проекти и автори на истории на македонската средновековна книжевност и на македонската книжевност во 19. и 20. век.

Промоција на „Одгласи од концертните сали“ од Костадин Костадиновски

$
0
0

Во Македонската опера и балет денеска ќе биде промовирана книгата „Одгласи од концертните сали“ од Костадин Костадиновски, во издание на Дирекцијата за култура и уметност – Скопје.

Таа содржи над 160 осврти, критики и рецензии. Преку понудените текстови и познавањата на музичките жанрови од фолклорот до џез и класичната музика, Костадиновски претставува тридецениска музиколошка историја во Македонија, Европа и светот.

Во книгата има текстови за Симон Трпчески, Весна Гиновска-Илкова, Ана Дурловски, Михајло Куфојанакис, Тодор Светиев, Милица Шперовиќ-Рибарски, Кирил Рибарски, Љубомир Бранѓолица, Влатко Стефановски, Тоше Проески, Пеце Атанасовски, Никола Бадев, текстови посветени на светските ѕвезди како Хозе Карерас, Барбара Хендрикс, Зубин Мехта, Арнолд Кац, Александар Штаркман, како и на фестивалите „Охридско лето“, „Скопско лето„, „Интерфест“…, репертоарот и достигањата на Македонската опера и балет и Македонската филхармонија.

На промоцијата ќе настапат и Весна Гиновска-Илкова, Кирил Рибарски, Милица Шперовиќ-Рибарски, Михаило Куфојанакис, Тодор Светиев и дуетот Живе Кремшовски – Николина Јаневска.

Промоција на романот „Промена“ од кинескиот нобеловец Мо Јан

$
0
0

Издавачката куќа „Слово“ и Институтот „Конфуциј“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска ќе го промовираат романот „Промена“ на кинескиот нобеловец Мо Јан.

За книгата ќе зборуваат проф. Денг Шиџонг, директор на Институтот „Конфуциј“, д-р Џанг Мин, професор во Институтот „Конфуциј“ и м-р Сара Цветановска, преведувач на делото од кинески на македонски јазик.

Viewing all 8033 articles
Browse latest View live


<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>