Quantcast
Channel: Култура –А1он
Viewing all 8033 articles
Browse latest View live

Никола Маџиров на Интернационалниот поетски фестивал во Осло

$
0
0

Никола Маџиров ќе учествува на поетски читања со автори од Велика Британија, Данска, САД, Јамајка и други земји, како и на поетските дебати организирани во рамките на најголемиот поетски настан во Норвешка, Интернационалниот поетски фестивал што од денеска до недела се одржува во Осло.

Маџиров во Осло пристигнува по читањето на Меѓународниот фестивал за книжевност во Темишвар, Романија.

Во текот на изминатите неколку недели учествуваше и на Интернационалниот фестивал за литература во Берлин, на фестивалот „Поетска есен” во Литванија, на Меѓународниот книжевен фестивал во Одеса во Украина, на Поетскиот фестивал во Рига во Летонија, како и на интермедијалниот фестивал „Осмодрама” во Берлин посветен на уметноста и мирисите, на кој специјална машина произведуваше мириси инспирирани од стиховите, во халата меѓу присутната публика.


Научен собир на МАНУ: „Милениумското зрачење на свети Климент Охридски“

$
0
0

Македонската академија на науките и уметностите денеска и утре организира меѓународен научен собир насловен „Милениумското зрачење на свети Климент Охридски“ во рамки на чествувањето 1100 години од упокојувањето на првиот епископ кај јужните Словени, основач на Охридската книжевна школа и меѓу најистакнатите ученици на сесловенските просветители Кирил и Методиј.

– Овој наслов на симпозиумот најавтентично го синтетизира и го одразува големото дело на св. Климент, неговиот неспорен придонес во реализацијата на идејата на неговиот учител свети Кирил за природното и неприкосновено право словенскиот род да го слави Бога на сопствен, разбирлив јазик, и неговата величина како една од најобразованите личности на неговата епоха. Ние сме горди на Охрид, градот на Климент, кој во 9 век беше лулка на старословенската цивилизација… Климент му припаѓа еднакво на сите словенски народи и пошироко, на целата европска цивилизација, рече претседателот на МАНУ, академик Таки Фити, отворајќи го дводневиот собир.

Потврда за општословенско значење на Климент е и присуството на претседатели и претставници на 11 странски академии на науките и уметностите на централното чествување на 1100-годишнината во август во Охрид. Должност е на академиите од сите словенски земји, рече Фити, низ континуирани научни истражувања заедно да ја проучуваат словенската цивилизација од нејзините почетоци до денес.

Тој нагласи и дека Академијата е особено горда што нејзе и е препуштено годинашното чествување на јубилејот. Покрај научните собири во Охрид и Скопје, тоа опфаќа и други активности организирани од МАНУ, меѓу кои и изложбата „Портретите на св. Климент Охридски во ликовната уметност на Македонија и на соседните земји“ и објавеното тритомно издание „Епоха св. Климент Охридски“.

На собирот беше прочитано и писмо од покровителот на чествувањето – претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, кој поради обврски не присуствуваше на настанот. Во него тој наведува дека свети Климент Охридски е меѓу ретките личности од цивилизациско и милениумско значење.

– …Надоврзувајќи се на делото на своите учители – Кирил и Методиј, тој стана еден од втемелувачите на словенската и македонската писменост и литература. Иако се пишувани на јазик кој штотуку ја добил својата прва азбука – глаголицата, беседите на свети Климент ни најмалку не заостануваат од најдобрите примери на старата византиска литература. Има уште една специфична одлика на свети Климент – за разлика од многу влијателни историски личности, кои не секогаш биле прифатени од своите современици, свети Кимент бил почитуван уште за време на својот земен живот. Тој кај народот ја утврдил верата со што придонел кон реформа на животот во суровиот среден век.. Долгот што го имаме кон неговото дело е и долг кон нашето минато и историја –  1100 години од физичкото упкопојување на нашиот голем учител, се уште се крепиме од духовната и интелектуалната храна која ни ја оставил,  напишал Иванов.

Академик Георги Старделов својот реферат го наслови „На почетокот би зборот“ затоа што, рече тој, тоа била  првата гнома  која Константин Филозоф (Кирил) ја превел од грчки на црковнословенски јазик.

– Ја избрал да биде првата зашто во неа е сублимиран духот и суштината на сето христијанство, кое е вреднувано како религија на писмото и на словото. Свети Климент рекол дека во зборот се заклучени големите неизвесни тајни на светот. Според него, се е збор, се од него почнува и се во него завршува, рече Старделов.

Академик Блаже Ристовски, кој е претседател на Организацискиот одбор на научниот симпозиум во МАНУ, имаше излагање за потеклото на името Словени и за славистите кои го проучувале етнонимот. Рече дека за потеклото на името Словени и изведенката словенски особено се занимавале руските научници во 19 век кога со појавата на панславизмот биле насочени кон словенскиот Балкан и корените на кирилометодиевската писменост.

Според проучувањата, името се појавило во 5 век, а во Македонија континуирано се користело од средината на 6 век. Во 9 век, рече Ристовски, со  просветителската мисија на солунските браќа, а особено по благословот од папата во Рим словенскиот јазик да биде признат, се засилила употребата на името. Ристовски посочи и дека меѓу македонските проучувуачи бил и Крсте Мисирков кој во реферат од 1907 година напишал дека името Словени никнало од римските колонизатори и романизираните староседелци на северниот дел од Балканскиот Полуостров.

На дводневниот симпозиум во МАНУ учествуваат околу 40 научници, од кои десетина се странски. Тој има две работни сесии – денешната е на тема „Книжевност, јазик и литература“, а темата на сесијата утре е „Историја, теологија, археологија и историја на уметноста“.  

Промовирана обновена фасада во Старата скопска чаршија

$
0
0

Заврши обновата на фасадата на третиот објект во Старата скопска чаршија опфатен со акцискиот план за реконструкција на повеќе фасади што го спроведува Националниот конзерваторски центар, со поддршка од Министерството за култура.

Објектот, лоциран на ул. „Пограѓе“ бр. 57, е со архитектонско стилски карактеристики од 19 и почетокот на 20 век, со препознатлив стилски израз особено во фасадниот дел. При изведбата на работите се користени наоди од локацијата и фотодокументација, како и други сознанија од лица и институции со цел да се постигне автентичност на изгледот.

Фасадата беше промоворана во присуство на сопственикот на објектот Боривое Крстев, пензиониран архитект, министерката за култура Елизабета Канческа Милевска и директорката на КОнзерваторксиот центар Скопје Ема Петрова.

– Сакам да се заблагодарам на Министерството за култура и среќен сум што конечно Старата скопска чаршија може да го  добие својот сјај, изјави Крстев.

Министерката Канческа Милевска изрази надеж дека во обновениот простор  повторно ќе заживее некој занает, со оглед дека таткото на Крстев своевремено се занимавал со изработка на шапки.  Националниот конзерваторски центар, според ресорната министерка, ја почитува планираната динамика за обнова на фасадите согласно акцискиот план, со освен во Скопје се опфатени и фасади во Битола, Крушево, Кратово, Прилеп, Штип, Охрид…

– Ме радува што Старата скопска чарија повторно го  добива својот автентичен карактеристичен стил на архитектура. Тука имаме фасада на  којашто и е вратен архитектонскит стил и сјај, а потекнува од крајот на 19 и почетокот на 20 век. Продолжуваме со обнова на фасадите во Страта скопска чаршија бидејќи целта со носењето на Законот за старата скопска чаршија ни беше како значјно споменично јадро да ги обновиме фасадите и согласно програмата за ревитализиација промовирање и на туристичкиот, културниот и архитектонскиот аспекет који го поседува чаршијата, изјави Канческа Милевска.

Директорката на Конзерваторски центар Скопје Ема Петрова информира дека почнуваат активности за  обнова на четвртата планирана фасада,  на објектот Евлија Џелеблија или познатиот бојаџија во Старата скопска чаршија. – Годинава ќе се реализира и уште еден објект на ул. „Теодосиј Гологанов“, а во тек се подготовки за јавната набавка за споменикот на култура црквата Свети Спас, каде е сместен Националниот конзерваторкси центар, изјави Петрова.

Следната година освен обновата на фасадата на црквата Свети Спас  Конзерваторскиот центар Скопје, според најавите, треба да изработи уште пет проекти за обнова на нови фасади во Старата скопска чаршија.

„Шехерезада“ во МОБ

$
0
0

Во Македонската опера и балет (МОБ) вечер ќе биде изведена балетската претстава „Шехерезада“ по музика на рускиот композитор Николај Римски Корсаков.

Играат: Ивана Коцевска (Забеида), гостинот од Бугарија Дојчин Дочев (Златен роб), Драган Кочоски (Султан Шахријар) и Киро Павлов (Шах Земан), кореографијата е на Михаил Крапивин од Москва, а сценографијата на Марија Ветероска. За костимите се погрижи Маја Бурсаќ од Србија.

Со оркестарот на МОБ ќе диригира Бисера Чадловска.

Изложба за Кокино и промоција на книга во КИЦ Софија

$
0
0

Во Културно-информативниот Центар на Република Македонија во Софија синоќа беше отворена изложбата на фотографии “Кокино-мистичен шепот низ вечноста” и беше промовирана книгата “Портал на сонцето” поетски избор од 42 современи поети од Република Македонија, на бугарски јазик.

За изложбата, посветена на Кокино, зборуваа директорот на Центарот во Софија Васко Шутаров, авторот на изложбата Љупчо Илиевски и Елизабета Кузмановска од име на Дирекцијата за култура и уметност на град Скопје.

Низ 30 фотографии, авторот Илиевски пред публиката во Софија го претстави своето уметничко, но, и лично доживување на овој  археолошки локалитет и воедно, светски позната мегалитска обсерваторија.

Во вториот дел од програмата беше претставена книгата со избор од македонска поезија на бугарски јазик, авторско дело на бугарскиот поет и преведувач Роман Кисјов. Во него се застапени 42 поетски имиња од сите генерации македонски поети, претставени со вкупно 385 песни.

Книгата беше претставена од авторот Кисјов и претставникот на бугарското книгоиздателството “Ерго” Мартин Христов. Стихови интерпретираа Ѓорги Георгиев-Антика и Тодор Тодоров. Поетскиот дел од програмата со свои читања го збогатија академик Катица Ќулавкова и Владимир Мартиновски.

Ова беше централен настан на Културно-информативниот Центар на Р. Македонија во Софија во есенскиот дел од културната програма. И двата настани се поддржани од македонското Министерство за култура.

„Принцезата Ева“ во МОБ

$
0
0

На малата сцена во МОБ денеска и утре ќе биде изведена детската оперска претстава „Принцезата Ева“ по сценарио и во режија на Десанка Глигоријевиќ.

Улогата на принцезата Ева и е доверена на Надежда Рубен, а настапуваат и Симона Петровски, Марика Поповиќ, Катерина Бошковска, Валентина Димитриевска, Јане Дунимаглоски, Дејан Стоев, како и Невен Силјановски.

Публиката ќе има можност да ужива и во музиката. Дел е од современи автори, а дел се популарни арии со адаптиран текст во функција на сценариото.

Промоција на книга и изложба на карикатури во Кочани

$
0
0

Во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани синоќа се одржа Вечер на македонскиот афоризам и карикатура.

Беше отворена изложбата на карикатури на Никола Ангелкоски, член на Македонската афористичка репрезентација, која прикажува треиесетина дела од неговата понова продукција, поради што побуди голем интерес кај публиката.

Пред присутните беше промовирана и најновата збирка на афоризми на македонскиот афористичар Витомир Долински од Струга под наслов „Крематориум за бесмртни“.

Во рамки на Вечерта, Здружението на граѓани Афористичка репрезентација на Македонија го одржа своето второ редовно годишно собнрание на кое за претседател беше реизбран афористичарот од Кочани Јане Атанасов.

Кавадарци одбележува 60 години творештво на Петар Наневски

$
0
0

Шеесет години уметничко творештво одбележа синоќа 80-годишниот Петар Наневски, писател  и сликар  од кавадаречкото село Ваташа, во Домот на културата “Иван Мазов Климе” од Кавадарци. Во рамките на мултикултурната вечер, беше отворена изложба на негови ликовни дела, а имаше и промоција на неговата книга “Златните усти на зборот”.

Ванчо Кеков, професор и ликовен уметник од Кавадарци, во своето обраќање пред присутните, рече дека Петар Наневски е еден автор за кој слободно може да се каже дека е еден од темелите на ликовното изразување и битисување во Тиквешијата.

– Овој плоден автор има дадено голем приодонес за развојот на ликовната уметност во Кавадарци. Неговиот опус е вечно истражување, има толку многу ентузијазам и енергија во неговите дела. Тој е еден од ретките кои живеат за уметноста и неговото сликарство навистина заслужува внимание, нагласи тој.

Владимир Темков, директор на културниот дом, рече дека Наневски го познава јазикот на уметноста.

– Кавадарци е своевидна колевка за културни дејци  и оттука имаат произлезено бројни надалеку познати  ликовни уметници. Наневски е еден од неколкумината уметнички творци кои после војната се обиделе кавадаречката модерна уметност да ја стават на едно повисоко ниво, додаде  Темков.

Пред љубителите на неговото творештво  се обрати и авторот, кој најави и нови дела, повикувајќи луѓето да се разбираат токму со јазикот на уметноста.

Наневски досега има отворено 54 изложби и објавено повеќе поетски книги. Член е на Друштвото на писатели на Македонија.


Премиера на „И јас сум птица“ со ранливите групи од Струмица

$
0
0

Во Цетарот за култура „Антон Панов“ во Струмица вечер премиерно ќе биде изведена претставата „И јас сум птица“ на Драмското куклено студио „Думон“ кој првпат годинава вклучува и лица од ранливите категории.

Режисер е Јасмина Вучкова, која претставата ја осмислила како форум театар, а преку текстот и играта и овозможува на публиката да види и слушне порака за инклузија и прифаќање на различните.

– Со активностите почнавме во јули. Ова е нов тип театарска техника зашто учесниците земаат активно учество во создавање на текстот. Во 1973 година е формиран од психолози, социолози во Перу и се користи како жива материја, како изразно средство за надминување на проблемите на луѓето. Во овој процес одбравме членови и потоа преку работилници за здружување на групата, запознаваање и разменување искуство почнавме да си ги кажуваме проблемите кои сакаме да ги промениме. Од сето тоа напишав текст и го собрав во една претстава, истакна Вучкова.

За членовите на здруженијата „Порака“ и „Мобилност“ кои меѓудругите се дел од преставата, ова е начин да покажат дека и покрај телесните или интелектуалните попречености, лицата од ранливите категории можат исто како и сите.

– Искуството беше многу добро. Благодарение на колегите кои ме прифатија како телесен инвалид и за режисерката која ми помагаше мислам дека направивме одлична претстава. Да се биде актер не е многу тешко, зошто ако се сака се може да се направи. Овој пример треба да го следат и моите другари од здружението, рече Иле Гичев- член на „Мобилност“.

Во претставата „И јас сум птица“ играат Игор Постолов, Анастасија Јовева, Иле Гичев, Ѓурѓица Илиева, Мифтар Рустемов, Кика Павлова, Славе Котески, Андреј Стојанов, Зоран Цикалов, Александар Кирчанов, Јован Темелкоски со гостинот Трајче Ѓеоргиев.

Од членовите на Здружение „Порака“ настапуваат Лидија Тилева, Стефанија Туџарова, Саве Маглешева, Трајче Велков, Николинка Карјанова, Миле Сачевски, Илинче Стојменова.

Претставата „И јас сум птица“ ќе се игра и утре во истото време на истата локација. Цената на билетите е 100 денари, а ќе бидат употребени во хуманитарни цели. Истовремено во холот на театарот ќе биде поставена и кутија за донации.

Во Крива Паланка промовиран романот „Сеќавања“ од Христијан Цековски

$
0
0

Во градската библиотека „Кочо Рацин“ при Центарот за култура во Крива Паланка попладнево беше промовиран романот „Сеќавања“ на младиот Христијан Цековски.

Ова е првo дело на Цековски кое говори за голема колосална љубов. Промотори на „Сеќавања“ беа Катерина Митовска-Наковска, професор по македонски јазик и литература, Митре Цековски и Христина Илиевска.
Директорот на Центар за култура, Александар Рангелов, истакна дека Цековски е уште еден во низата млади автори на кои установата им пружа поддршка и промоција како членови на литературниот клуб „Калин“ кој функционира при центарот.

Авторот истакна дека романот говори за големата љубов меѓу Прис и Џин која започнува во нивното детство, а животниот пат и судбината ќе ги разделат многу брзо, за да се сакаат и сретнат повторно во староста.

– Ова е приказна и за човекот кој не знаејќи да се снајде во општеството – пропаѓа, човекот кој го допира дното по високиот пидестал на успехот. На крајот, љубовта доаѓа како подарок за каењето и признаените грешки во животот, рече Христијан Цековски, автор на романот.

Цековски рече дека човекот никогаш не треба да се откаже од својот сон, да верува во него и да биде упорен.

Македонската археологија презентирана на Археолошката берза во Италија

$
0
0

Македонската Управа за заштита на културното наследство го презентира домашното културно наследство на 19.то издание на Медитеранската берза за археолошки туризам, што се одржува во Пестум, Италија.

Управата е меѓу 100-те изложувачи од 20 држави меѓу кои Малта, Турција, Словачка, Русија, Хрватска, Кипар, Грција, Азербејџан, Русија и Узбекистан.

Саемот, соопшти вечерва Управата, е одлична шанса за промоција на македонската археологија, средновековните цркви и природните реткости особено што на настанот учествуваат луѓе од археолошката фела, а бројот на посетители достигнува и повеќе од десет илијади посетители.

– Република Македонија поседува врвни археолошки локалитети кои бараат лепеза модалитети за нивно активно вклучување во современиот развој на локалните општински заедници. Токму поради тоа ме радува што нашата соработка со грандиозниот собир Медитеранската берза на археолошки туризам во античкиот град Пестум во Италија тече во континуитет и оваа година на нивната 19-та годишнина, а со наше трето учество, се разбира под уставното име Република Македонија, наведува Виктор Лилчиќ Адамс, директор на Управата за заштита на културното наследство.

На саемот се претставени наслови од книжевниот проект „Најзначајните вредности од областа на културното и природно наследство на Република Македонија“: црквата „Св. Пантелејмон“ во Нерези, Манастир Зрзе, Висока и Старо Бонче, Шарената џамија – Тетово, Скупи, Скопско кале, Стибера, Хераклеја Линкестис и Тетовско Кале. Меѓу нив се и новите изданија, како „Античкото кралство Македонија и Република Македонија“ на проф. д-р Виктор Лилчиќ-Адамс, Игор Ширтовски, Владимир Атанасов, Виктор Симоновски и Филип Аџиевски, „Св. Ѓорѓи во Курбиново“, „Виничките теракоти“, „Св. Богородица Елеуса во Вељуса“ и „Манастир Матејче“ на проф. д-р Елизабета Димитрова, „Таор“ на Киро Ристов, „Тумба-Маџари“ на д-р Драгиша Здравковски, „Баргала“ на д-р Трајче Нацев, „Манастир Трескавец“ на м-р Александар Василески и „Маркови кули“ – Прилеп на д-р Бранислав Ристески. Сите наслови се на англиски јазик, соопшти Управата за заштита на културното наследство.

Недела на италијанската книга

$
0
0

Институтот Данте Алигиери во соработка со Култура, Матица, Три, Или-Или, Магор, Икона, Антолог и Литература.мк од утре до 5 ноември организира Недела на италијанската книга.

Книжарниците ќе посветат дел од својот иложбен простор на книги од италијански автори, а некои, книгите ќе ги продаваат со попуст.

Во рамки на манифестацијата која е дел од XVI Недела на италијанскиот јазик во светот, на 3 ноември, четврток, во Мултимедијалниот центар на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ ќе биде отворена и изложба на постери од студентската работилница на Факултетот за ликовни уметности и Филолошкиот факултет.

По отворањето, италијанскиот илустратор и графички дизајнер Серџо Оливоти ќе одржи видеоконференциско предавање.

„Живот под закуп“ најдобра на „Албански театар во Македонија“

$
0
0

Со прогласување на најдобрите претстави, синоќа во Центарот за култура во Дебар заврши 15. јубилеен фестивал „Албански тетар во Македонија“.

Стручното жири за најдобра ја прогласи драмата „Живот под закуп“ на аворот Рефет Абази, во режија на Екрем Сопи, во изведба на Националниот театар од косовскот град Гњилане.

Наградите за најдобар актер и актерка ги добија Енвер Петровци и Мајлинда Косумовиќ, Петровци за улогата во драмата „Жежок стол“ што ја режираше Сокол Плаколи, а ја изведе Националниот театар од Приштина, додека Косумовиќ, од истиот театар, настапи во претствата „Маж меѓу две жени“ во режија на Илиријан Химај.

Наградата за режија ја доби Ќазмедин Нуредини за „Балитурк“ во изведба на Националниот тетар од Приштина.

На последната фестивалска вечер дебарската публика имаше можност да ја проследи претстватата „Еден маж за мене“ во режија на Доналд Шеху и Дајана Ненај, која беше вон конкуренција.

Директорот на фестивалот, Илбер Нуредини се заблагодари на дебарската публика за големото присуство на сите претстави,како и на учесниците за нивните успешни настапи.

Фестивалот за затворен го прогласи претседателот на Советот на општина Дебар,Башким Маѓкули.

И ова издание на фестивалот финансиски беше подржано од Министертвото за култура,општина Дебар и други донатори.

Не стивнуваат позитивните критики во САД за „Резервен живот“ на Лидија Димковска

$
0
0

Калеидоскопски роман со големо срце, вака њујоршкиот неделник „Паблишерс викли“ го нарече „Резервен живот“ на Лидија Димковска која успешно ја заврши тринеделната американска турнеја.

Димковска го претстави наградуваниот роман „Резервен живот“ на англиски јазик во превод на Кристина Крамер во десет градови во САД, а позитивните критики не стивнуваат.

Издавачот на романот „Ту лајнс прес“ (Two Lines Press) од Сан Франциско изјави дека во само три седмици од излегувањето, романот веќе доживува извонредно позитивни критички одгласи.

Уредникот за критика на ревијата за светска книжевност „Зборови без граници“  (Words Without Borders) М. Бартли Сигел, во својот избор на најдобри книги за месец октомври напиша: „оваа книга е необична, необично великодушна и великодушно убава – што според моето искрено мислење, е најдобрата комбинација, и изгледа е моето омилено четиво за месец октомври“.

Книжевната блогерка Ребека Опенхајмер, пак, го нарече романот „Книга на денот“ нагласувајќи дека „Понекогаш станува кристално јасно колку од светската литература пропуштаме ние во САД, како на пример маестралната сага на Лидија Димковска „Резервен живот“, која беше објавена во 2012 година и ја доби наградата на Европската унија за литература во 2013 година, а дури годинава се појави и во САД. Треба да се каже: подобро подоцна отколку никогаш! Резервен живот е ремек-дело што не прави да се надеваме дека ќе читаме уште многу од Лидија Димковска!“

Едно од најреномираните списанија за светска книжевност во САД, „Светската книжевност денес“ (World Literature Today) во својот најнов број и посвети на Димковска најголем простор од сите застапени автори: големо интервју што со авторката го водеше уредничката на списанието Мишел Џонсон, објава на две песни од стихозбирката „Црно на бело“ во препев на Љубица Арсовска и Патриша Марш, како и критички осврт за романот Резервен живот од врвната американска критичарка Лори Фитерс која е член на жирито за наградата „Најдобар роман во превод на англиски јазик“ за 2017 год. Таа за Резервен живот напиша: „Злата и Сребра, сијамски близначки со споени глави се неверојатни ликови од извонредниот роман на македонската писателка Лидија Димковска.

Преку јавните и личните трагедии, „Резервен живот“ потресно ја открива универзалната вистина за неможноста да се остане целосно отсечен од околностите на нашето раѓање. Димковска ги истражува овие кошмарни бремиња со чувствителност и со убаво артикулирано пишување што блеска во преводот на Кристина Крамер.“

Тимот на чикашката книжарница Unabridged Bookstore изјави дека „воодушевувачки внимателен, потресен и продорен, Резервен живот станува една од нашите најомилени книги на годината“.

КУД „Дримкол“ со целовечерен концерт во Литванија

$
0
0

КУД ,,Дримкол“ од Вевчани викендов во Вилнус, Литванија, одржа целовечерен концерт во рамки на проектот „Денови на македонската култура во Литванија“, а во организација на Европскиот универзитетот за хуманистички науки од Вилнус.

Како што информираа од Културно-уметничкото друштво, македонскиот фолклор во Вилнус беше презентиран преку Вевчански изворни кореографии и преку сценски обработки од различни етнички предели на Македонија, а солистаката Викторија Чочороска, апсолвент на Академијата за музички уметности во Скопје, извела македонски традиционални изворни песни.

– Овој проект е резултат на соработката и пријателството со проф. др. Надежда Черепан, редовен професор по културно наследство на Европскиот универзитет за хуманистички науки во Вилнус. Таа во последниве години редовно учествува на конференцијата за култура и туризам, која се одржува во Охрид. Важи за голем љубител на Македонија и македонското културно наследство и посака барем дел од истото да биде презентирано од страна на КУД,, Дримкол,, во Вилнус, изјави Тошо Чочороски, претседател на КУД „Дримкол”.

Во рамките на ова патување, КУД „Дримкол” реализира и три концерти во градовите Здунска Вола и Ширац во Република Полска и еден концерт во Стара Пазова во Република Србија.


Форум за професионалната етика во музеите во РМ

$
0
0

Форум на тема „Професионалната етика во музеите во Република Македонија: Заштитата на културното наследство меѓу теоријата и праксата“ ќе се одржи денеска во Скопје.

Форумот се одржува во организација на македонскиот национален комитет Син Штит во соработгка со МНК ИНКОМ, финансиран од Министерството за култура.

Недела на италијанската книга

$
0
0

Институтот Данте Алигиери во соработка соКултура, Матица, Три, Или-Или, Магор, Икона, Антолог и Литература.мк од денеска до 5 ноември организира Недела на италијанската книга.

Книжарниците ќе посветат дел од својот иложбен простор на книги од италијански автори, а некои, книгите ќе ги продаваат со попуст.

Во рамки на манифестацијата која е дел од XVI Недела на италијанскиот јазик во светот, на 3 ноември, четврток, во Мултимедијалниот центар на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ ќе биде отворена и изложба на постери од студентската работилница на Факултетот за ликовни уметности и Филолошкиот факултет.

По отворањето, италијанскиот илустратор и графички дизајнер Серџо Оливоти ќе одржи видеоконференциско предавање.

Концерт на Симфонискиот оркестар на ФМУ-Скопје

$
0
0

Симфонискиот оркестар на Факултетот за музичка уметност – Скопје вечерва ќе одржи концерт во МОБ.

На концертот, под диригентство на проф. м-р Сашо Татарчевски ќе настапат солиситите Билјана Камчева, Ѓорѓина Поповска, Динко Стипанчев, Ана Велиновска, Ѓорѓи Петрушевски, Тања Стојановска, Лида Алиу, Љубица Делева и Никола Трајковски.

„Нова Македонија“ ќе ги додели наградите од Конкурсот за краток расказ

$
0
0

Редакцијата на „Нова Македонија“ денеска ќе ги додели наградите на најдобрите шест раскази на конкурсот за краток расказ.

Изборот од пристигнати­те над 300 ра­ко­пи­си го направи ко­ми­си­ја­та во со­став: Але­ксан­дар Про­ко­пи­ев, се­ле­ктор и Вес­на Дам­чев­ска, уред­нич­ка на ре­дак­ци­ја­та за кул­ту­ра и прет­став­нич­ка на „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“.

На­гра­ди­те традиционално све­че­но се до­де­луваат по празнувањето на денот на из­ле­гу­ва­ње­то на пр­ви­от број на вес­ни­кот „Нова Македонија“, 29 октомври.

Промоција на романот „Убиство во хотел Босфор“

$
0
0

Во рамки на Фестивалот на европската книжевност „Букстар“ (BookStar) вечер во „Јавна соба“ ќе биде промовиран романот „Убиството во хотел Босфор“ на турско-германската писателка Есмахан Ајкол, која ќе гостува на промоцијата.

На македонски романот го објави организаторот на фестивалот – „Антолог“, во превод на Тулај Сејфула, со поддршка на програмата „ТЕДА“ на Министерството за култура и туризам на Турција.

„Убиството во хотел Босфор“ е првиот од серијата крими-трилери со ликот на Кати Хиршел, објавен во 2001, а по него и „Бакшиш“, „Сомнителна смрт“ и „Танго Истанбул“.

Романот е најчитан наслов во книжевниот центар „Антолог“ за 2016 година и авторката Ајкол ќе ја добие наградата  „Букстар“ за најчитана книга помеѓу две изданија на Фестивалот на европската книжевеност.

Бестселерот на Есмахан Ајкол (1970) ќе го промовира писателот Владимир Мартиновски.

Viewing all 8033 articles
Browse latest View live


<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>